Каква баба таква внука: Ќерката на Новак е доказ дека генетиката е чудо

Добивај вести на Viber

Колку може генетиката да биде силна, се гледа преку сличноста меѓу Дијана Ѓоковиќ и нејзината внука Тара, која денеска повторно го бодреше својот татко Новак на Вимблдон.


Осумгодишната Тара сè почесто присуствува на мечеви, а многумина коментираат дека не само што по изглед личи на баба ѝ, туку од татко ѝ наследила и борбен дух и смисла за хумор.


Слики од детството на Дијана Ѓоковиќ откриваат неверојатна сличност со Тара – како да гледате иста личност низ различни генерации. Дијана своевремено изјавила дека Тара е „ист Ноле“, веднаш по нејзиното раѓање.

Гените на Дијана силно се пренеле – од неа, преку Новак, до малата Тара. Секако, и мајката Јелена има свој удел, бидејќи со Новак е пример за родителски модел.