Катарските шеици не ја сликале хрватката бидејќи им се допаѓа, туку за да ја линчуваат јавно: Ѝ порачаа да се покрие од глава до пети, таа им возврати вака

Откако шеикот Мухамед Хасан ал Џефаири утврдил дека на фотографијата двајцата шеици не ја фотографираат хрватската инфлуенсерка Ивана Кнол на Светското првенство затоа што им се допаѓа, туку затоа што сакале да ја пријават за несоодветно облекување во Катар, познатиот британски водител Пирс Морган реши да ги соочи во утринската програма.
Приказната за Ивана Нол и шеиците на трибините го обиколи светот минатата недела кога беше објавена фотографија на која таа се спушта по скалите додека ја фотографираат одзади.
Ивана Нол, навивачката на хрватската фудбалска репрезентација, беше поканета во емисијата „Пирс Морган без цензура“ од контроверзната британска водителка, се со цел да ги одбрани своите верувања и да ги упати јавните повици дека не ги почитува законите кога станува збор за облеката.
Освен неа, на спротивната страна се најде и шеикот Мухамед Хасан ал Џефаири, кој веќе ја прозва на Твитер, а сега и порача дека ќе изгледа исто толку добро и ако е во затворен фустан.
Нол се јави од Доха и уште еднаш ја стави својата раскошна биста во преден план, што го натера водителот да се пошегува дека можеби е „претерано облечена“. Интересно е што ја нарекоа поранешна мис на Хрватска, иако таа никогаш не ја понесе таа титула.
Водителот ја прашал дали ја критикувале за облеката во Катар, а таа рекла: „Ќе бидам искрена, не, не добив критики. Среќна сум што го прифатија мојот начин на облекување. Многу луѓе во Катар ми пријдоа да се фотографираат со мене - жени, деца, сите. Беше многу убаво“.
Пирс рече дека ситуацијата не е иста како на светските првенства во други земји бидејќи во Катар кодексот на облекување е сосема јасен. „Некои локални мажи, како нашиот гостин вечерва, мислат дека е подобро да ја почитуваш нивната култура и да носиш повеќе облека“, ѝ рекол Морган, на што Нол одговорила:
„Не доживеав лоши реакции и бев многу среќна бидејќи ме прифатија. Луѓето што се тука доаѓаат од различни земји“.
А потоа катарскиот шеик се вклучи во приказната и откри дали начинот на облекување на Ивана е навредлив за него: „Би останал неутрален бидејќи сум видел многу слично облечени луѓе во Катар. Но, многу локални жители пријавуваат такви луѓе бидејќи не е вообичаено да се види некој така облечен во Катар. Би сакале да ја поканиме Ивана да научи нешто за луѓето со различни погледи на светот, луѓе кои можеби не се согласуваат со неа. Секако, во Катар нема да наиде на луѓе кои ќе и го кажат тоа директно во лице бидејќи сме навикнати да ни доаѓаат различни гости. Ние сме мултинационална земја“.
После тоа, Ал Џефаири ја покани Ивана да облече абаја. Тоа е еден вид наметка што се носи во арапскиот свет, почнува од вратот до глуждовите и се навлекува врз друга облека, а често се носи во комбинација со разни видови дотатоци за коса, дури и со никаб, кој го покрива долниот дел на лицето. На тоа тој додадл: „Мислам дека таа би изгледала многу добро во тоа“.
Нол му возвратила: „Ги почитувам сите земји, како и онаа од која доаѓам. Домаќините ми потврдија дека можам да носам што сакам бидејќи е Светско првенство и се дозволени исклучоци. Токму затоа решив да го носам тоа што сакам и, повторувам, не добив негативни коментари за мојот изглед“, заклучи Нол.
ФОТО: screenshot/Инстаграм
извор: женаблиц.рс