Казните за маските почнуваат од 1 мај: Дали тогаш ќе се тргне и полицискиот час

Добивај вести на Viber

Од вчера е задолжително нсењето маски, но се до крајот на овој месец граѓаните што не ја почитуваат мерката нема да ги плаќаат предвидените казни од 20 евра, туку ќе бидат само опоменувани.

Казните за граѓаните ќе стартуваат од Први мај. 

Дали ова значи дека има шанси од Први мај граѓаните целосно да се ослободат од Полицискиот час, ќе кажат надлежните. 

Сега засега рестриктривните мерки се олабавени, па преку недела, наместо од 16, полицискиот час стартува од 19 часот, додека во викендите, почнува од сабота од 15 часот.

Инаку, граѓаните како заштитна опрема може да користат респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично, кои ќе  овозможат прекин на преносот на вирусот.

Што информираат од Министерството за здрасвтво прочитајте на Фактор.мк