Кејт Мидлтон носеше чевли од 2.100 денари на Вимблдон, а еве што му рече на Ѓоковиќ по неговата победа

Добивај вести на Viber

Како течеше разговорот на Кејт Мидлтон со Ѓоковиќ по неговата победа

Секое доаѓање на Кејт Мидлтон на Вимблдон е како празник, бидејќи нејзиниот изглед е секогаш легендарен.

Војвотката од Кембриџ, заедно со Новак Ѓоковиќ, беше главната sвезда на машкото финале на Вимблдон. Како и секогаш, Кејт Мидлтон изгледаше прекрасно - носеше розов фустан, кој го искомбинира со салонки и мала чанта.

Чевлите на војвотката чинеле 2.100 денари.


фото: (Peter Nicholls/PA) / PA Wire

Фустанот што го носеше Кејт Мидлтон беше класичен крој, должина под колената. Ременот и шесте копчиња се покриени со истиот розов креп материјал. Посебно внимание привлече совршено избраната бебешка розова боја. Колку чинеше комплетниот изглед на Кејт Мидлтон?

Пастел-розовиот фустан „Беулах“ може да се купи преку Интернет за околу 700 евра (595 фунти). Интересно е што чевлите „Алдо“ чинат само 30 фунти, што е околу 2.100 денари! Кејт Мидлтон носеше обетки „Mappin and Webb Empress“ и цветна маска за лице.

На Вимблдон дојде во друштво на нејзиниот татко Мајкл.

Кралскиот пар целиот викенд го посвети на спортот, а принцот Вилијам не стигна на Вимблдон бидејќи ја гледаше репрезентацијата на Англија против Италија во фудбал.

По натпреварот, ш победата, Новак Ѓоковиќ добиваше честитки од сите страни.

Според протоколот, Новак Ѓоковиќ имаше и кратка средба со претставниците на кралското семејство, меѓу кои и Кејт Мидлтон, која поразговара со победникот:

„Браво, убаво е да Ве видам како играте повторно“, му рече војвотката.

„Убаво е што Ве гледам и Вас“.

„Оваа година беше особено тешка затоа што Вашето семејство не беше тука со Вас и Вашиот тим е ограничен на неколку луѓе“.

„Да, се обидувате да го извлечете најдоброто од ситуацијата, но мислам дека сите сме денес благодарни што можеме да играме и дека сме на најголемиот турнир во светот“, одговори Ноле на забелешката за посебните услови поради пандемијата на вирусот корона.


фото: (Peter Nicholls/PA) / PA Wire

„А тука е и толпата публика“, додаде Кејт со насмевка.

"Како е Вашиот тенис? Дали играте?", Ја праша Ѓоковиќ.

„Секојпат кога ќе ја земам тениската опрема, децата се таму и сакаат да ми се придружат, и тоа е навистина одлично”.

"Тоа е прекрасно. Се најдобро за вашето семејство. Ви благодарам многу, многу", го заврши Ноле разговорот.

извор:magazin.novosti.rs / stil.kurir.rs