Ким ја послуша мајка си: Го „заведе“ поранешниот свршеник на Џенифер Лопез
Иако сè уште официјално не е разведена од
раперот Канје Вест, се чини
дека најпознатата старлета на светот, Ким Кардашијан, веќе пронајде нова љубов.
Имено, станува збор за Алекс Родигез, поранешниот сопруг на Џенифер Лопез, а како што пишува „Мирор“, Ким за ова била убедена/наговорена од нејзината мајка Крис Џенер.
Се пишува дека тие двајца биле во контакт последните месеци и сериозно размислуваат за врска, со оглед на тоа што Ким бара некој што ќе може „да и парира кога станува збор за статусот и финансиите“.
Крис Џенер верува дека Ким и Алекс се новиот „златен пар на Америка“.
„Ким не е од типот на Алекс, но тој сака да најде позната девојка за да и се спротивстави на Џенифер, која е во врска со Бен Афлек. Покрај тоа, Ким е помлада од Џен, а Алекс е импресиониран што таа сака да стане адвокат“, изјави извор за „Heat“, додавајќи:
„Рано е, но изгледа како да се загреваат еден за друг“.
Сепак, други извори блиски до семејството Кардашијан-Џенер тврдат дека Ким и Џеј Ло се добри пријателки и дека нема шанси овие тврдења да бидат точни.
Од друга страна, додека Лопез ужива во старата љубов, Бен Афлек, поранешниот сопруг на Ким Кардашијан, раперот Канје Вест е во врска со Ирина Шајк.
Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER, EPA/JASON SZENES
Можеби ќе ве интересира:
Нов скандал со Кардашијанс: Поранешен телохранител ја тужи Крис Џенер за сексуално вознемирување!