Киноманија во Скопје: Еве колку пари „Синеплекс“ инкасирал за една година

Два милиони евра посетителите на „Синеплекс“ лани платиле за да уживаат во омилената забава – гледаање филмови и посета на настани во единственото современо скопско кино „Синеплекс“. И покрај големата популарност и високите приходи, оваа компанија лани завршила со минимална загуба
„Синеплекс“ е единствената компанија во Скопје која нуди кино услуга по меѓународни стандарди. И скопјани го сакаат, но и сите други посетители на скопскиот трговски центар „Сити Мол“, еден од двата најголеми трговски центри во главниот град на Македонија.
Синеплекс МКД ДОО е скопска компанија во која доминантен сопственик е „Синеплекс Интернационал“ ГМБХ (поседува 96% од уделите), покажуваат официјални и јавно достапни податоци. Станува збор за меѓународна компанија со седиште во Австрија која има искуство од 40 години во кино индустријата. Со свои филијали оваа компанија освен во Македонија е присутна и во Црна Гора, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Романија и во Грција. Во своето портфолио оваа компанија има повеќе од 300 кино сали ширум регионот. „Синеплекс“ во Скопје работи од 22 ноември 2012 година.
Повеќе на ФАКТОР