Стави лук во носот за да ги исчисти синусите: По 10 минути остана во шок (ВИДЕО)
Девојка на
социјалната мрежа ТикТок сподели трик кој помага да се исчистат блокираните синуси - а следбениците беа
воодушевени од резултатите.
По објавувањето, девојката стана хит на ТикТок.
Трикот вклучува ставање чешниња лук во секоја ноздра.
„Ништо не ме печеше и повреди, само ги наместив убаво за да ги задржам на место“, вели девојката.
Розалин Кетрин (29) реши да го испроба овој совет откако го виде на ТикТок, а нејзиното видео собра милиони прегледи. На видеото, кое е прегледано повеќе од 4,3 милиони пати, може да се види Розалин како вметнува чешне лук во нејзините ноздри. Таа чека 10-15 минути и потоа ги отстранува. Беше запрепастена додека го снимаше овој трик и во еден момент изјави дека, според нејзиното мислење, методот работи.
@rozalinekatherine i’m shook lol #tiktoktaughtme #thankyoutiktok #tiktokhacks
Coffee Music - Cafe Music BGM channel
„Не мислев дека навистина ќе успее, го снимав повеќе на шега“, рече Розалин од Аризона, САД.
„Само излупив две свежи чешниња лук и ставив по еден во секоја ноздра. Поставив тајмер 10 минути и само гледав телевизија додека чекав.
Не ме печеше, ниту повреди, само ги наместив убаво за да ги задржам на место“, споделува Розалин и вели дека не очекувала трикот да успее и била шокирана од резултатот.
„После 10-15 минути, носот почна да ми тече, па го извадив лукот. Очекував малку да истече, но потоа избувнаа „тони“ мрсули и бев шокирана. После тоа не го осеќав мирисот на лук - мислам дека синусите ми се измиени. Бев целосно изненадена од резултатите“, споделува за своето искуство девојката.
Од објавувањето, видеото доби повеќе од половина милион лајкови и илјадници коментари од луѓе кои го споделија трикот.
Овие се само дел од коментарите под видеото: „Леле, морам да се обидам, веќе две недели не дишам добро“, „Ова видео го чувам во задниот џеб за подоцнежни настинки“, „Морам да го испробам ова“,
Но, другите гледачи беа помалку импресионирани од објавата на Розалин. Едно лице напиша: „Овде ТикТок ја достигнува својата граница“, „Не очекував да го видам последниот дел“, рече друг гледач. Трет коментираше: „Дали навистина требаше да покажеш мрсули? Ќе повратам".
Видео и Фото: ТикТок