Ќе се наежите: Што крие црквата Свети Пророк Илија во село Стенче

Селото Стенче се наоѓа во Горнополошкиот регион во подножјето на планината Сува Гора и ја дели Полошката котлина на Долни и Горни Полог. Денес територијално селото припаѓа во општина Брвеница , се наоѓа на надморска височина од 600м и е одалечено 4 километри од Гостивар и 25 км од Тетово.
Во селото се наоѓаат едни од најубавите цркви во Пологот.
Тоа се , црквата Свети Пророк Илија, црквата Свети Атанасие Велики, црквата Света Петка, црквата Света Екатерина ,како и Манастирскиот комплекс Мала Богородица од 5 век со 3 ранохристијански крштилници сместена на локалитетот Градиште - вели Војо Михајловски, човекот кој се врати на своите корени и си постави мисија да ги обнови божјите храмови. Селаните велат дека неговиот придонес за селото е од огромно значење. Несебично се вложува во истражувањето, кое резултирало со две книги.
Црквта св Пророк Илија е трикорабна базилика изградена на темели од постара црква во 1867 година живописана и иконописана од тајфата на Дичо Зограф и неговиот син Аврам Дичев од село Тресонче. Живописот и иконописот на црквата се реализирал во период од 15 години и е завршен а о 1882 година . При поставување на дренажа од западниот дел на црквата откриени се керамиди со истиот знак -печат како и ќерамидите кои се најдени на манастирскиот комплекс Мала Богородица во месноста Градиште кои датираат од 5-6 век . Ова кажува дека под сегашниот храмот Свети Пророк Илија може да има темели и од други храмови од 5-6 век па и порано. При ископот во длабочина од 2 метри покрај темелите на црквата пронајдени се три слоја на гробови иден на друг,а ако се копа подлабоко се појавуваат нови хоризонти на гробови.Ако за покривање на еден слој со друг слој гробови потребн е период од околу 400-500 години тогаш староста на ова светилиште е многу голема.
- Керамичката плочка која е пронајдена над гроб во дворот на црквата професор Др. Аристотел Темтов тврди дека е напишана со древно Македонско слоговно писмо со старост од 5.000. Овој археолошки пронајдок укажува дека ова светилиште е многу постаро можеби од времето пред христијанството кога Македонците верувале во сонцето (ИЛ.) Старите наши прадедовци граделе храмови на сонцето ( ИЛ ) што на на древно македонско слоговно писмо означува Сонце . Еден од тие храмови е и овој храм кој продолжува како светилиште се до денес посветено на Свети Пророк Илија. Светиот пророк Илија живее 600 години пред Христа.( ако ИЛ е сонце , а АДА е остров тогаш епот Илијада од Хомер би се толкувал како сончев остров,-осветлен остров ил свет остров -свето место ,)( исто и титулата на македонските кралеви е ВАСИЛЕУС што на древно македонски значи дека / кралот е ваше сонце-ваш водач ,кој ви го осветлува патот и ве води) Во нашето село во 1982 година во книжниот фонд на црквата Свети Пророк Илија пронајдена е книга со наслов ,,Цветен Триод,, печатена на црковнословенски јазик од во Скадар 1563 година во печатницата на Стефан Скадара и Камило Зенета која денeс се чува во Универзитетската библиотека во Скопје - појаснува Михајловски.
На денот на празникот на Свети Пророк Илија - Илинден во црквата се одржува литургија ,се кршат кумски погачи а повеќе години наназад се одржува Стенечка свадба каде младоженецот и невестата и сватовите се облекуваат во традиционалнат горнополошка народна носија. Во очи на празникот се одржува културно уметничка програма со настап на културни уметнички друштва и музички групи.
С.А.Н