Ќерката и сопругата на Вил Смит ги избричија главите и ги шокираа обожавателите: Време е да пуштиме сè...
Сопругата на Вил Смит, Џејд Пинкет Смит и нивната ќерка Вилоу се пофалија на Инстаграм со
својот нов, смел изглед.
Имено, Вилоу сподели заедничка фотографија на својот Инстаграм профил.
- Подарокот е чист кога се дава од срце на вистинска личност во вистинско време и на вистинско место, и кога не очекуваме ништо за возврат - рече 20-годишната девојка, а истата објава беше споделена и од Џејд.
„Вилоу ме натера да го сторам ова затоа што е време да пуштам се‘ ... Моите педесетти ќе бидат божествено осветлени со оваа избричена глава“, напиша Џејд.
Во последната епизода од емисијата „Разговор на црвена маса“, Џејд отворено проговори за своите проблеми со алкохолот и дрогата.
- Пиењето црвено вино за мене беше како да пијам чаша вода. Пиев и во средно училиште, а подоцна се префрлив на коктели. Значи, екстаза, алкохол, марихуана. Еднаш кога отидов по тоа трето шише вино, си реков: „Имаш проблем. Тој ден само застанав“ - откри сопругата Вил Смит.
Да потсетиме, ќерката на Вил Смит, Вилоу Смит (20), ја откри својата визија за љубов и врски и гордо призна дека практикува полиаморија.
„Со полиаморија, чувствувам дека основата на врската е слободата да се создаде стил на врска што работи за вас и не мора да влегувате во моногамија само затоа што сите околу вас велат дека тоа е вистинската работа“, рече таа .
„Истражував и сфатив дека главната причина за пропаѓање на сите бракови е неверството“, додаде Вилоу.
Полиаморијата, односно полигамијата, претставува постоење на љубовна желба, која може или не вклучува интимна врска од романтична и/или сексуална природа, со повеќе од една личност.
Полиаморијата се разликува од полигамијата по тоа што врската со третиот партнер не вклучува или не мора да вклучува брак.
- Во моето друштво, јас сум единствената личност со полиаморија, а имам најмалку секс од сите мои пријатели - заклучи Вилоу, а мајката на Џејд, минатата година призна дека го изневерила сопругот Вил Смит со многу помлад човек.
Фото: Инстаграм/Вилоу Смит/Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Најмудрото нешто што ќе го прочитате денес: Зборовите на актерот Вил Смит го менуваат погледот кон светот