Кој би рекол: Најубавата жена според Вештачката интелигенција воопшто не доаѓа од западот, потекнува од ОВАА држава

Вештачката интелигенција се изјаснува дека нема субјективен вкус и не може да одреди која е најубавата жена на светот, сепак ако го прашате Chat GPT ќе добиете одговор дека постојат некои универзални антропометрики кои може да се применат со цел да се одреди објективната убавина кај жените.
Верувале или не, вештачката интелигенција, воопшто нема западоцентричен „вкус“. Според вештачката интелигенција најубавата жена на светот не доаѓа од Америка или Европа, туку токму од Индија.
Ајшварја Рај е индиска актерка и поранешна Мис на светот, често сметана за една од најубавите жени во светот.
Родена е во Мангалор во јужната индиска држава Карнатака. По неговото раѓање, се преселилa во Бомбај со своето семејство. Се школувала во Сантакруз (Бомбај). Подоцна се запишала на колеџот Џаи Хинд, а по една година се префрлила на колеџот Рупарел.
Сакала да стане архитект, но различни околности ја спречиле во тоа. Таа беше втора на изборот за Мис на Индија 1994 година, веднаш зад Сушмита Сен, која беше избрана за Мис Универзум. Истата година, таа беше крунисана за Мис на светот и за Мис на фотогеничност. После тоа, таа работеше како професионален модел, а малку подоцна влезе во индиската филмска индустрија.
Вештачката интелигенција ја оцени како една од најубавите жени во светот. Сепак убавината е збир од карактеристики и таа секогаш се наоѓа во окото на гледачот.