Кој на фотката е водителот Марко дај побрзај? Вели, „не се мачете- ќе ви кажам“

Добивај вести на Viber

Водителот Марко Новески ужива во неговата нова животна улога - како татко на близнаците Вања и Веда.

Очигледно дека Марче заедно со неговата сопруга Цена уживаат во најубавиот период од животот во друштво на нивните две дечиња, но исто така улогата на родители е преполна со секојдневни предизвици.

Марко е активен на социјалните мрежи, но овојпат наместо да постира слика со дечињата, се осврна на нешто друго:

„Оваа фотографија е направена во сега веќе далечната 1994 или 1995 година за спортскиот магазин Скок со ватерполо екипата на Младост каде тренирав неколку години. Ватерполото ми остана омилен спорт и за играње и за гледање и после толку години. Е сега да не се лажеме после толку години нетренирање секое и ме дека сум некој играч ама дефинитивно водата ми остана како едно од местата каде се чувствувам најсигурен и свој. Животот ме однесе на друга страна но овие години поминати со овие луѓе дефинитивно одиграа огромна улога во формирањето на мојата личност и се она што сум денес за што ќе им бидам вечно благодарен  За жал ватерполото во Македонија не се цени ниту вреднува многу но искрено се надевам дека работите ќе се променат затоа што Македонија секогаш имала големи таленти и во овој спорт  Се гледаме на базен во некоја следна прилика  За да не се мачите ја сум тој што жмури и е петти од десно према лево во горниот ред“