КОЈА ГОЛЕМА КОМПАНИЈА ИМ ИСПЛАТИ 7,7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПЛАТИ НА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ - за 10 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година

Добивај вести на Viber

Приходи од 115 милиони евра за три месеци донесе Билансот на успех на „Макпетрол“ за првиот квартал од годинава.

Тримесечјето е успешно завршено со значајна добивка, но сепак малку намалена во однос на истиот период лани, можеби поради повисокиот раст на расходната страна.

Како и да е, најголемата нафтена компанија во земјава може да се пофали дека зад себе има повеќе од солиден финансиски резултат во својотг биланс на успех, односно чист профит од 2,1 милиони евра за само три месеци. 

Бројките говорат дека за периодот од јануари до јуни годинава „Макпетрол“ успеал да инкасира приходи од дури 115 милиони евра. Значи, бизнисот одел одлично, бидејќи приходите бележат зголемување, и тоа за 5 отсто во однос на истиот период минатата година.

Се разбира дека најголемиот дел од приходите се должат на приходи од продажба, на кои отпаѓаат дури 114,6 милиони евра, што е исто така зголемување за 5 проценти во однос на истиот период од минатата година.

Продажбите на домашниот пазар на компанијата и донеле најголеми пари, односно дури 113 милиони евра, односно исто така повеќе за пет проценти во однос на истиот период минатата година.

Додека, пак, приходите остварени од продажбите на странските пазари се навистина многу пониски од оние направени дома, и во првите три месеци од годинава изнесувале 1,7 милиони евра, но во однос на истото тримесечје од минатата година, зголемувањето е за фантастични 49 проценти.

Повеќе на Фактор