Колку костими за капење има Мелита Ракичевиќ: Атрактивната водителка не се одделува од плажата и морето летово

Добивај вести на Viber

Разни модели и комбинации на бикини костими демонстрира водителката Мелита Ракичевиќ која ова лето дефинитивно ужива максимално во благодетите на морето.

Атрактивната водителка речиси секојдневно ги чести обожавателите на социјалните мрежи со фотки од плажите во соседна Грција .


 



Самата Мелита неодамна се пофали дека има апартман на море веќе осум години па не нѐ изненадува цело лето водителката да го помине токму таму.



-За мене морето е лек, еликсир и навика да живеам со месеци на море. 8 години имам апартман на море и сум скроз морски човек, вљубена засекогаш во тој морски мирис и звук на брановите, мир...-напиша на Инстаграм Мелита минатиот месец.



На изгледот многумина би и позавиделе а на една од фотографиите Мелита покажа став кој вели дека е битен за се.