Кралицата на пародијата ќе ве насмее до солзи: На Инстаграм - и во реалноста (ВИДЕО+ФОТО)
Австралиската комичарка Селест Барбер се прослави со копирање на пози на познати личности на Инстаграм, толку искрено и неисфолирано што секој може да се поврзе со неа.
Скоро и да нема позната жена која Селесте не ја копирала.
Селесте има над 8,1 милиони следбеници на Инстаграм и скоро ниту еден ден не поминува без да објави нова пародија на премногу исфолирани и фотошопирани славни жени.
Нејзини омилени пози се оние во кои нормалното човечко тело изгледа смешно, додека на фотографиите од списанието, моделите изгледаат совршено во тие пози.
Следниот пат кога ќе видите убавица како сјае со нозете во воздухот додека главата и виси од софата, само сетете се на Селест и како би изгледало тоа во реалниот свет.
Селесте го прави сето ова не само за да се забавува, туку и да испрати моќна порака против наметнувањето на нереални стандарди.
Порано тоа го правеа списанија, а денес тоа го прават самите жени со фотографии на кои и самите знаат дека се чини нереално - таа сака да стави крај на тоа.
Фото: Инстаграм/celestebarber
Можеби ќе ве интересира:
Хит: Вака изгледа летувањето кога сте дебели - милиони ѝ се заблагодарија и велат дека е икона