Краток престој, многу скандали: Македонски учесници во реалното шоу „Задруга“

Добивај вести на Viber

Иако Македонија нема голем број претставници во едно од најгледаните реални шоуа на Балканот – „Задруга“, токму македонските гледачи важат за едни од најверните фанови на оваа програма. 

Според српските статистики, Македонија е меѓу земјите каде „Задруга“ се следи со особено внимание, пропорционално на бројот на жители.

Меѓу неколкуте македонски учесници, најпознато име е Дарко Петковски – Спејко, кој претходно победи во „Големиот брат“. 

Сепак, неговото учество во „Задруга“ не остави посебен впечаток. Иако се впушти во кратка љубовна врска, неговиот престој беше тивок и траеше само неколку недели.

За разлика од него, Адам Лабунски, познат од „Пинковите ѕвезди“, беше македонскиот учесник кој најдолго се задржа во шоуто и доби најголемо медиумско внимание.

 Публиката го памети по неговото пеење и мирниот однос, иако имаше неколку конфликти, па дури и физички напад. 

Тој беше поддржан од Кристијан Голубовиќ, а неговото учество остана запаметено како достоинствено.

Моника Јовановска во „Задруга“ влезе како девојка на српскиот рапер Ша, но нивната врска брзо се претвори во скандал. По меѓусебни обвинувања и откривање интимни детали, Моника го напушти шоуто, а јавноста ја споредуваше со неговата претходна девојка Тара. Нејзиното учество беше кратко и бурно, но без трајно влијание.

Сосема поинаков настап имаше Моника Станојкова, која стана позната поради своите отворени признанија за врската со оженет маж. Иако не се задржа долго, таа остана запаметена во Македонија и често се појавува во медиуми и поткасти.

И покрај малубројноста на учесници, македонската публика продолжува да го следи шоуто со голем интерес, а секој нов македонски влез во „Задруга“ предизвикува внимание и реакции.

РЖМ