Кристијано Роналдо ќе стане татко по петти пат: Тајни знаци и фотки од плажа покажуваат дека Џорџина Родригез е повторно бремена (ФОТО)
Гласините дека Кристијано Роналдо и Џорџина го очекуваат своето петто дете веднаш го обиколија светот!
Убавата сопруга на Кристијано Роналдо е многу веројатно по втор пат во блажена состојба!
Иако тоа е нејзино второ биолошко дете, тоа ќе биде петто дете во семејството Роналдо.
Иако фудбалерот и неговата избраничка ниту ги потврдија ниту ги демантираа гласините, светската јавност зуе за тоа, а причините се многубројни. Во принцип, се чини дека фотографиите најмногу откриваат.
Прво, Џорџина објави селфи во костим за капење, на кое се гледа стомачето кое многу потсетува на бремена жена. Имајќи предвид дека нејзината линија е секогаш совршена, не е ни чудно да се помисли дека аргентинската убавица е всушност бремена. Таа го избриша ова селфи од социјалните мрежи со брзина на светлината, но доказите во форма на фотографија останаа - па тоа е уште една причина да се верува дека гласините се точни.

Нивните семејни слики се појавија и од јахтата, каде Родригез беше фотографирана во профил и повторно е очигледно дека има стомаче.



Најсимболичен детал беше кога нејзината сестра Ивана Родригез објави фотографија од сестра си Џорџина и стави емотикони со срциња токму на местото на нејзиниот стомак. А, потоа Ивана брзо ја избриша фотографијата од Инстаграм.
Од друга страна, Џорџина објави нови фотографии и записи на кои може да се види како ужива во спортови на вода и морски активности, што не би се осмелило да ги направи секоја бремена жена.
извор:GLOSSY
фото:profimedia