Кршеше женски срца, а Холивуд го обожаваше: Денес е стар и дебел, нема да го препознаете заводникот Брендан Фрејзер
Поранешниот холивудски заводник (52) се прошета по црвениот тепих на проекцијата на филмот „Без нагло движење“ за време на филмскиот фестивал Трибека во Њујорк и го остави светот со подотворени усти. Во филмот играат и Дејвид Харбор („Stranger things“) и Џон Хем („Луди мажи“), кои исто така се појавија на црвениот тепих, но сите погледи беа свртени кон Брендан!
Актерот, заради снимање филм кој допрва треба да пристигне во кината, значително се здебели, бидејќи игра улога на човек кој се бори со нарушување во исхраната по смртта на неговата партнерка. Филмот на Дарен Аронофски „Кит“ понатаму го следи ликот на Фрејзер кој се обидува да обнови врска со својата ќерка, откако и призна дека е хомосексуалец. Во филмот Фрејзер игра лик од скоро 300 килограми!

Брендан беше видно расположен, но фотографиите од проекцијата го обиколија целиот свет и многумина велат дека не би го препознале ниту некогаш „стегнатиот“ актер.
Фрејзер се враќа на големото платно со овие улоги, откако се пензионираше и долго време не беше во јавноста. Едно време, тој откри дека најмногу снимал филмови без каскадери, односно ги изведувал сите акробации што се барале од неговите ликови самиот. Поради тоа, како што рече во 2018 година, тој го уништил неговото тело.
„Додека го снимав третиот дел од „Мумијата“ во Кина во 2008 година, целиот бев завиткан во ленти и мраз“, рече тој.
„Лентите и мразот се мали и лесни, можат да се вклопат под вашата облека, јас секој ден си градев егзоскелет за да можам да функционирам“, рече Фрејзер, кој заврши на операционата маса поради „натрупаните“ повреди.
На актерот му беа потребни повеќе операции на грбот, вклучително и лумбална ламинектомија, со што се отстранува грбот на пршлените во долниот дел на грбот за да се создаде повеќе простор во 'рбетниот канал. Исто така, тој беше подложен на комплицирана операција за инсталирање на вештачки дел во коленото зглоб, како и операција за поправка на гласните жици.
Потсетете се како изгледаше на врвот на својата кариера!