Кубица Спасиќ, пензионерка од Куманово веќе 15 години велигденските јајца ги претвора во ремек дела

Добивај вести на Viber

Кумановката Кубица Спасиќ велиденските јајца ги претвора во ремек дела

Таа во текот на целата година работи, со цел за празникот да има убаво украсени велигденски јајца. Откако се пензионирала вели дека има повеќе време за да се посвети на своето хоби и креативната работа. Користи јајца од гуска, затоа што се крупни, и откако ќе ја испразни содржината од внатре, откако ќе ги исуши, ги обработува со машинка, црта мотиви на нив, работи во техника декупаж и ги лакира. По ова јајцата го добиваат финалниот изглед. Оваа работа бара талент, прецизност, трпение.

Најчесто цртам цветни мотиви, а често добивам идеи и од она што ќе го видам на интернет. Лушпата на јајцето од гуска е дебела, и мека, и е добра за да се црта на неа, додека со јајцето од  кокошка е потешко, лушпата пука. Имам слободно време и си го исполнувам со креативна работа“, раскажува Спасиќ.

Вели дека за сите овие години изработила над 1.000 вакви украсени јајца, а годишно прави стотина. Сите кои ги виделе се воодушевени. Дел од јајцата ги продава, а дел ги подарува.

Продолжува на Фактор.мк
пишува: Сања Атанасовска