Кујната што Мелина ја дизајнираше за себе сега е во рацете на друга: Вака изгледа просторот во кој владее новата љубов

Добивај вести на Viber

Величествената вила на Сењак, во која семејството Џиновиќ живее со години, е изградена со цел да ги задоволи највисоките естетски и функционални стандарди.

 Проектот е менуван неколку пати од темел, сè со цел визијата на Мелина целосно да се оствари – особено кога станува збор за ентериерот, вклучително и кујната која беше нејзино мало царство.


Денес, сепак, во тој луксузен простор не престојува модната креаторка, туку нивната ќерка. Ѓина Џиновиќ, која често споделува детали од приватниот живот на социјалните мрежи, сега е таа што ја користи кујната на Мелина Џиновиќ – и тоа секојдневно. 

Со најновите објави покажа како изгледа просторијата во која сега самата подготвува здрави оброци.

Кујната е изработена во комбинација од црн мермер и беж ѕидни елементи, додека централно место зазема голем остров што служи како работна површина. 

Таа е опремена со најсовремена техника, а секој детаљ е осмислен во согласност со софистицираниот вкус што со години беше заштитен знак на Мелина Џиновиќ, пренесе Информер.