Купиле стара куќа за 364.000 евра и биле шокирани од она што го нашле во ѕидовите

Она што започнало како романтично селско реновирање, брзо се претворило во вистинско хорор сценарио за 28-годишната Еми Брукман и нејзиниот вереник Нортон Џонстон (34). На почетокот на 2023 година, парот купил шармантна античка куќа со три спални во Англија, изградена уште во 1580 година, за 364.000 евра.
Иако верувале дека ќе биде доволно само да ги заменат теписите и да ги бојадисаат ѕидовите, судбината имала други планови.
Откако забележале необична розова мувла на ѕидовите и помирисале силен мирис на влага што го проникнува просторот, решиле да започнат со посериозно реновирање. Експертите побарале од нив неверојатни 20.000 евра за да го отстранат надворешниот малтер, но парот решил да го направат тоа сами - и тоа се покажало како пресвртница.
Додека го ваделе гипсот со рака, наишле на страшно откритие: коски вметнати во ѕидовите
„Го вадевме малтерот и кога бев пред ѕидот нешто летна. Веднаш препознав дека тоа е коска. Бев преплашена. Што правиш кога ќе најдеш коска во ѕидот? Најдовме уште четири однадвор и на почетокот мислевме дека ќе го откриеме целото тело“, изјавила Ема за The Mirror.
По првичниот шок, истражувањето открило дека во 16 век, луѓето често вметнувале коски - човечки и животински - во ѕидовите на нивните домови како заштита од злото. Во нивната куќа биле пронајдени вкупно четири коски надвор и уште две внатре. Една, верува Ема, му припаѓа на човечки прст.
Мистериозната серија откритија не застана тука. Пронашле и старо зелено шише полно со пепел и билки, за кое се сомневаат дека е поврзано и со заштитните ритуали од тоа време. „Најдовме статија за старите магични обичаи во Кендал, каде што веруваа дека коските и билките во ѕидовите штитат од злото. Најдовме коски во речиси секоја соба“, рече Ема.
Соседот бил убиец.
Ситуацијата беше дополнително обоена со макабриот факт дека локалниот криминалец Џејмс Харгривс - осуден за напад на сопругата и убиство на млад правен приправник - некогаш живеел во соседната куќа.
Но, и покрај се, парот не се поколебал. Ема, косопственичка на бизнис со домашни работи од Бароуфорд, Ланкашир, и нејзиниот вереник, професор по наука, решија сами да се справат со предизвиците за реновирање. За реновирање до денес потрошиле од 11.700 до 17.500 евра, а благодарение на сопствената работа избегнале трошоци кои кај професионалци би достигнале и до 70.000 евра.
„Розова мувла растеше на ѕидовите, а целата куќа мирисаше на влага. Нашите документи беа буквално натопени“, се присетува Ема.
„Коските се дел од куќата“
Наместо цемент, користеле природен малтер од варовник, погоден за стара камена градба, а процесот го вршеле рачно — со минимална цена од само 350 евра. И додека одлучија да вратат некои коски на нивните оригинални места, планираат да прикажат и други како дел од историјата на куќата. „Тие се дел од куќата“, рече Ема.
Двојката денеска ги привршува последните фази од реновирањето - допрва треба да се уредуваат две спални соби и две бањи. Низ целиот процес тие се водеа од желбата да се зачува ликот и духот на куќата.
„Сакам да наоѓам предмети што раскажуваат приказна и одговараат на карактерот на куќата. Така, на пример, најдовме реновирани радијатори од стара противпожарна станица преку Фејсбук Маркет“, заклучи Еми.
ФОТО: Инстаграм принтскрин