ЛАЖНИТЕ БОМБИ „ПУКААТ“ ПО НЕКОЛКУ ТЕСТОВИ НЕДЕЛНО: Полугодието е пред врата, агендата за учениците набиена

Добивај вести на Viber

Реакциите на граѓаните поради дојавите за бомби прво во училиштата кои почнаа пред еден месец, а сега и во бројни институции, шопинг центри, резиденцијални објекти стануваат се пожестоки. Оценуваат дека неспособноста на одговорните кои треба да го решат овој проблеми ги надминува сите граници. Свесни се дека станува збор за лажни бомби, но протоколот налага итна евакуација заради што вознемиреноста е неминовна. Најголемиот товар сепак го сносат учениците, кои изгубија бројни часови, и остана непредаден голем дел од предвидениот материјал. Ако на почетокот беше застрашувачки, а по повеќе последователни дојави за бомби кои секако беа лажни, стравот бледееше па премина во чувство на забава, сега повторно големи проблеми. Полугодието е на прагот, а оценки нема. Родителите, учениците и професорите имаа заеднички став кон сето ова. „Се е врз грбот на децата“

-За жал има премногу изгубени часови. Материјалот навистина не е допредаден, а полугодитео е речиси пред врата. Имаат набиени агенди од по неколку тестови во текот на недела, и плус усмени испрашувања. Минатата недела се спроведуваше евакуација за време на тест. Кога да ги оценат учениците и на кој материјал. Зарем не е научена лекцијата од ковид-кризата. Се што е изгубено, никогаш нема да се врати. Ова на ништо не личи, има настава само по 2-3 дена во тек на работна недела. И професорите се ставени во една крајно незавидна положба. Како да го остварат наставниот метеријал и како може да ги оценат учениците кога секој ден е неизвесен, велат загрижени, но и револтирани родители на средношколци од Скопје.


Целиот текст читајте го на Фактор.