Лидија Вукиќевиќ конечно го откри партнерот: Италијанецот е 10 години помлад од неа, а еве со што се занимава

Добивај вести на Viber

Актерката Лидија Вукичевиќ (58), која важи за една од најубавите жени на Балканската јавна сцена, ужива во љубовта со десет години помладиот сликар од Италија, а сега откри и детали за нивната емотивна врска и како функционира нивната врска на далечина.

- Се гледаме повремено. Сакам љубов на далечина, никогаш не може да се досади, секогаш ви е пријатно, се сакате еден со друг. И секогаш кога ќе се видиме како да е прв пат. Кога сте постојано заедно, многу работи се изложени, а нешто што можеби не сакате, излегува на површина. Навиката ја убива љубовта. Кога мојот партнер ќе стане како брат, време е да заминам. Бидејќи и двајцата сме уметници, многу добро се разбираме. Не размислувам за преселба во Италија, јас сум типична жена за ова поднебје. Живеев со години во Холандија и Турција и сфатив дека најмногу ја сакам Србија, дека овде најмногу ми се допаѓа. Можам да патувам, но се враќам затоа што овде се чувствувам најдобро - рече Лидија.



Инаку, Лидија неодамна призна дека нејзиниот помлад партнер и донел нова радост во животот.

- Мојот помлад партнер ми донесе нова радост. Ми требаше некој како мене, не верувам во привлекување спротивности. Не треба да се смирувам, туку партнерот да ме следи на мојата бранова должина. Секој што се обиде да ме спушти на земја, заврши спуштен, многу пониско од мене - рече актерката и додаде:

- Јас сум класична емотивна личност, но со емоциите мора да се управува добро. Се обидувам да не се предадам на секого и дури неодамна сфатив дека многумина ме гледаат како социјална институција, затоа што можам да слушам, емпатична сум и апсорбирам како сунѓер, што на крајот негативно влијае на мене. Одлучив да направам избор за тоа кога треба да го сторам тоа - изјави таа за „Стори“.


Фото: Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Можеби ќе ве интересира:

Лидија Вукичевиќ во пози кои се ризични и за жени од 30 години: Кадарот од вода е вистинска провокација