Магија на брегот на Преспа: Романтично запросување под Месечината (ВИДЕО)

Полна месечина, нежни бранови од езерото и двајца вљубени – толку беше доволно за една магична вечер на брегот на Преспанското езеро да се претвори во незаборавен љубовен спомен. Во интимна и тивка атмосфера, една романтична душа клекна на едно колено, а љубовта доби „да“ под светлината на месечината.
Овој емотивен момент, кој изгледа како сцена од филм, беше забележан од објективот на познатиот фотограф и уметник Стојан Стојановски од Охрид – автор на многу уникатни фотографии и видеа кои раскажуваат тивки, но моќни приказни.
„Преспанско Езеро - запросување на месечина“, напиша Стојан во описот на видеото.
Запросувањето се случило на крајбрежјето во близина на едно од помалите села околу Преспа, каде парот, во тишина далеку од градската врева, одлучиле да го обележат почетокот на својот нов заеднички пат.
Видеото може да го погледнете тука.
Иако засега идентитетот на овие две романтични души останува непознат за јавноста, видеото кое Стојановски го објави на своите социјални мрежи веќе предизвикува бројни емоции, коментари и споделувања.
Фото: Принтскрин/ ФејсбукРЖМ - Г.Д.Г