Jа терал сопругата за казна да лиже плочки во бањата: Родениот син го замразил и ја сменил верата, спасувајќи го светот – го упропастил семејството

Добивај вести на Viber

Во светската историја малку се личности чии образи се толку внимателно идеализирани и канонизирани како оној на Мохандас Карамчанд Ганди – „Махатма“, „великата душа“, таткото на нацијата и апостол на ненасилството.

Но, зад фасадата на мудар и сеопростувачки водач, се криела многу покомплицирана и често сурова личност, чии жртви биле најпрво – неговата сопруга и деца.

Со сопругата Кастурба се венчале на само 13 години, а нивниот брак траел 62 години исполнети со потиснување и диктатура. 

Ганди бил опседнат со морална „чистота“ и целосна контрола, па семејниот живот го претворил во полигон за аскетски експерименти. 


Ја присилувал Кастурба, жена од висока каста, да чисти тоалети за „недопирливи“, а кога одбила – ја казнувал со понижувачки постапки, како што било лижење плочки. Дури се обидел и да ја избрка од дома, но таа молела и плачела бидејќи немала каде да оди.

Односот со децата, особено со најстариот син Харилал, бил трагичен. Харилал сакал да студира право во Англија, но Ганди строго му забранил, сметајќи дека вистинското знаење доаѓа преку служење, не преку западно образование. 

Истовремено, овозможил школување за други роднини, што синот го доживеал како предавство. Харилал се побунил, станал зависник од алкохол, го сменил името во Абдула Ганди прифаќајќи ислам, па се вратил во хиндуизмот. Јавно го обвинувал татка си за лицемерие и суровост, но одговор никогаш не добил. Умрел осамен и болен, само неколку месеци по убиството на Ганди.

Еден од најконтроверзните аспекти од животот на Ганди биле неговите „експерименти со чистота“ – спиење гол со млади девојки, вклучувајќи ја и неговата внука, за да ја „тестира“ својата духовна сила и воздржаност. 

Иако тврдеше дека станува збор за духовна пракса без сексуална позадина, неговите соработници биле шокирани. Сардaр Пател и Неру го предупредувале дека го уништува движењето, но Ганди ги отфрлил критиките нарекувајќи ги „гревовни умови“.

Во Јужна Африка, каде поминал 20 години, неговата борба не била за рамноправност на сите, туку за привилегии за Индиска заедница. Често користел навредливи изрази за Африканците, како „кафири“, и барал одделни поштите, затворски ќелии и квартови за Индисците, за да не се мешаат со „нечистите“. 

Во своите текстови ги понижувал Африканците и ја нагласувал „културната надмоќ“ на Индисците. За време на војните и востанијата, повикувал Индисците да ѝ служат на Британската империја за да добијат подобар статус.

Дури откако се вратил во Индија, Ганди почнал да зборува за единство и рамноправност. Но, неговото минато не може да се игнорира. Истражувачите како Ашвин Десај тврдат дека бил соучесник во поставување на основите на апартхејдот.

Оваа страна на Ганди, далеку од идеализираниот лик, покажува дека неговата борба за правда честопати се одвивала на сметка на најблиските и најранливите. Светоста, понекогаш, има висока цена.

Извор: still.kurir.rs / Wikipedia