Македонецот кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ носејќи ја Карлеуша, објави песна „Бегалка“ посветена на сопругата: зад неа се крие емотивна приказна

Велешанецот Александар Темелков, кој се прослави со своите настапи на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ неодамна објави дека стапил во брак со својата избраничка, тетовчанката Сара, а потоа и дека станале родители.
Темелков најголемо внимание сврте откако имаше серија забавни интеракции со Зорица Брунслик, една од пејачките кои ја составуваа жири комисијата на популарното шоу. Неколку години подоцна, како зрело момче Темелков повторно застана на грандиозната сцена на Ѕведите на Гранд и покажа дека е упорен и истраен во градење на својата музичка кариера.
Сепак и во новото појавување го задржа својот имиџ на забавен лик кому шоуто и спектаклот на сцена му се негов терен. Публиката го памети како младото момче од Македонија кој успеа да ја подигне Карлеуша, иако многумина не веруваа дека може да подигне во раце жена која е скоро двојно повисока од него.
Месецов Темелков прво ја најави, а потоа и објави својата песна „Бегалка“ која судејќи по коментарите на социјалните мрежи крие емотивна приказна, а во сѐ е вклучена неговата сопруга.
Според текстот на песната, девојката била спречувана да се омажи за својот избраник затоа што тој бил сиромашен. Оваа референца дел од неговата публика ја поврза со неговата лична емотивна приказна и претпостави дека токму неговата сопруга ја избрала љубовта кон него, наместо наративот на средината.
Темелков не се огласи по повод овие шпекулации, но во неколку јавни настапи истакна дека емотивно ја доживува песната „Бегалка“ и зборовите отпеани во неа.
Извор: Фејсбук