Македонската фолк пејачка уште еднаш покажа колку е горда на своето потекло: Го развеа „знамето од Кутлеш“ во центарот на Барселона

Македонската фолк пејачка Соња Тарчоловска, го развеа македонското знаме на стадионот на фудбалскиот клуб Барселона во Шпанија и со овој потег уште еднаш покажа колку е горда Македонка.
На нејзиниот фејсбук профил таа често објавува фотографии со македонското знаме, но со овој потег отиде чекор понатаму и го развеа знамето на стадиониот на еден од нејзините омилени фудбалски клубови.
Тарчуловска е голем љубител на спортот, особено на фудбалот, а често може да се види и на трибините како го бодри македонскиот ракометен клуб „Вардар“.
Соња Тарчуловска, својата музичка кариера започнала во 1994 година. Нејзиното прво ЦД е насловено „Весела Девојка”. Подоцна е објавена песната „Ден по ден“ и „Во бело“. Соња Тарчуловска имала концерти низ Европа, Соединетите Американски Држави и Австралија пеејќи за Македонците кои што живеат таму.
Таа е мажена за Јохан Тарчуловски и имаат три деца, Мелани, Младен и Јоана, а судејќи по јавните појавувања на Мелани, таа ќе го наследила талентот на нејзината мајка и се занимава со музика.