Животна училница // Приказни
Македонската музика одекнува низ светот – од Јордан до Канада: Слушнете како звучи македонската песна од различни континенти (ВИДЕО)
- 01 Септември, 2025 09:42

Македонската музика се слуша и се пее на сите меридијани – од Јордан, преку Естонија и Турција, до Канада и САД. На социјалните мрежи се појави инспиративно видео со кратки настапи на хористи од различни земји ширум светот, кои со многу љубов и емоција изведуваат македонски песни.
Видеото за кратко време стана вирално, привлекувајќи внимание и воодушевување кај публиката. Коментарите се полни со благодарност и гордост што македонската песна го наоѓа својот пат до срцата на луѓето низ целиот свет.
Македонската песна живее – гласно, гордо и преку светот!
РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Принтскрин/ Инстаграм