Марко и Луна Џогани ја покажаа новородената ќерка: Малата Миа во прегратки на мама ги разнежни сите (ФОТО)
Луна Ѓогани се породи вчера во болницата „Народни фронт“ и ја роди ќерката Миа, која синоќа Марко и таа им ја покажаа на своите следбеници на Инстаграм.
Пресреќните родители не можат да ја сокријат својата среќа по повод раѓањето на нивната ќерка, на што многумина им честитаа.

Луна и бебето се наоѓаат во породилното одделение, каде Ѓогани се опоравува од последиците од операцијата со царски рез, на која мораше да замине поради ситни компликации што се случија за време на породувањето. Од друга страна, Марко го прослави фактот дека стана татко, а за време на прославата ја повикал својата сопруга која во рацете ја држеше нивната ќерка.

Луна објави и видео и можеше да се види дека веќе ужива во улогата на мајка, како и дека со огромно задоволство ја држеше својата ќерка на градите.