Животна училница // Приказни
Мажите трошат милиони на OnlyFans, но не поради она на што прво помисливте: Причината сигурно ќе ве шокира

Иако платформата OnlyFans е позната по експлицитна содржина, ново истражување покажува дека илјадници мажи таму не бараат голотија, туку емотивна блискост, разбирање и секојдневен разговор.
Според податоци на Supercreator, 78% од комуникацијата нема сексуален контекст.
Мажите зборуваат за работа, детство, хобија, миленици и омилени серии – теми што ги немаат во реалните односи.
Звезда на платформата, Софи Рејн, има обожавател кој потрошил над 6 милиони долари само за секојдневно дружење, без еротика. „Само сум му емоционална поддршка“, вели таа.
Експертите објаснуваат дека денес е полесно да се најде голотија, отколку искрена, постојана човечка поврзаност.
Во време на постојана поврзаност, луѓето се почувствувале поосамени од кога било. А емотивната блискост станала – луксузна стока.
Извор: Телеграф