„Ме вртеа како шунка, а потоа направија нешто уште полошо“ – Марија ги опиша ужасните моменти пред породувањето: Следеше срамна реакција од жени (ВИДЕО)

Марија, млада мајка која пред породување имала притисок 200/100, објави видео на социјалните мрежи во кое раскажува за трауматично искуство што, како што вели, ќе ја следи целиот живот.
На снимката, направена еден ден пред породувањето, се гледа нејзиното изморено и исплашено лице. „Подигнете два прста ако лекарите и медицинскиот персонал ве трауматизирале за цел живот“, напиша таа во описот.
Марија откри дека била предмет на груб третман: „Ме вртеа како парче шунка, крвнички ме бричеа со отворени врати, двајца лекари и три сестри во собата кои озборуваа додека гледаа во мене,“ напиша таа.
@vukmirmarija Dignite dva prsta ako su vas lekari i medicinsko osoblje istraumirili za ceo život #porodjajnoiskustvo #foryoupage #fyppppppppppppppppppppppp #explore #balkantiktok #momcontent #fypシ゚ #balkanmama #toddlersoftiktok #foryou original sound - YouTuber icons
Нејзиниот син се родил со тежина од 6 килограми, а таа поминала низ исклучително тешка бременост со воспаление на белите дробови и висок притисок. И покрај тоа, добила критики зошто не се избричала сама.
„Не сум против бричење, сум против начинот на кој се прави. Жената што лежи исплашена пред породување не е предмет, таа има чувства“, порача Марија, апелирајќи за повеќе емпатија од страна на здравствените работници.
Нејзината исповед предизвика бурни реакции, бројни пораки на поддршка, но и поттикна поширока дискусија за акушерското насилство во здравствените установи.
РЖМ