„Мирна душа и чист воздух“ – 8 македонски села кои се идеален бег на летните горештини

Добивај вести на Viber

Ако летово копнеете повеќе по тишина отколку по туристички метеж и сакате природата да биде вашиот единствен „луксуз“, време е да си подарите едно мало бегство низ македонските села – таму каде што денот мириса на бор, пастрмка и свеж планински воздух.

Од чаршиската романтика на Вевчани, преку езерската убавина на Пештани и Радожда, па сè до планинската идила во Лазарополе – Македонија нуди села кои се вистинска терапија за душа.

Покрај природните убавини, секое од овие села раскажува приказна – за традиција, архитектура, гастрономија и гостопримство кое ве тера да се враќате.


- Маврово – за оние што сакаат планина и езеро во ист кадар
- Вевчани – жива скопна скриена меѓу планина, извори и стара архитектура
- Лазарополе – планински рај кога градот стане премногу
- Пештани – езерска летна класика со плажи и одлична храна
- Белица – за љубителите на авантури, река и влез во природни пештери
-Радожда – вкусна пастрмка + пријатна мирна плажа (без гужви)
- Шлегово – село–музеј покрај Кратово, со стара рударска приказна
- Кучково – скопско бегство со водопад, манастир и лековит извор

- Без оглед дали сакате пикник покрај река, прошетка низ борова шума, капење на скриена плажа или едноставно да седнете на тераса со чај од мајчина душица – овие села се потсетник дека убавината понекогаш е само на неколку километри од нас.


РЖМ/ИС

Фото: Фејсбук страница/Патувај низ Македонија