„Мис бавча на Македонија“: Е тоа беа времиња

Добивај вести на Viber

Како што има разни настани во кои се слави храната кај нас како „Питијада“, „Ѓомлезијада“, „Празијада“... така постојат или постоеја и различни избори за Мис. Мис на Скопје, Мавровска убавица, Екранова убавица, Мисови по градовите, Мис Фејсбук, Мис на Македонија, Мис летна убавица, есенска, зимска... 

Но можеби најоригинално име имаше токму овој настан „Мис бавча“. Се пријавуваа убави девојки од сите делови на Македонија и тоа со реномирани спонзори и настан за паметење. Убавиците дефилираа пред многубројна публика, а имаше и убави награди. 

Ова не треба да е за чудење. Во светот се избираат убавици за секакви настани- од Мис тревопасна убавица до Мис каубојка.

Фото. Фб