Животна училница // Приказни
Младиот македонски пејач Огнен Здравковски покажа од кого учи, во прегратка на Жика Јакшиќ и Кеба испрати порака: Благодарен сум!

Младата македонска музичка ѕвезда Огнен Здравковски, посветено работи на пробивање на регионалната сцена, што судејќи по реакциите на јавноста „совршено добро му оди“.
Неодамна на својот фејсбук профил објави слика од две актуелни музички легенди од овие простори и тоа музичкиот продуцент во продукцијата „Гранд“ Жика Јакшиќ и популарниот балкански пејач Драган Којиќ - Кеба.
Порано да ми кажеше некој дека ќе делам сцена и ќе соработувам со вакви големи имиња, никогаш немаше да поверувам.. Чест и привилегија е да се биде во друштво и да се соработува со вакви легенди! Луѓе кои оставиле неизбришливи траги во музиката и во естрадата. Драган Којиќ - Ќеба и Жика Јакшиќ, напиша тој на својот фејсбук профил.
Огнен Здравковски не ја крие среќата зад насмеаното лице на фотографијата и особената гордост што е во друштво со двете познати музички личности за кои истакна дека оставиле „неизбришлив траг во музиката и естрадата“.
Освен по својот музички талент Здравковски е познат и како син на народната пејачка Софче Џорлева, чиј тален дефинитивно го наследил, но тој е и внук на легендарниот композитор Наско Џорлев, автор на познатата песна „Не кажувај либе добра ноќ“.
Извор: Фејсбук