Моден детаљ број еден на македонските политичарки: По светски терк или само декорација?
Пандемијата на коронавирусот ја промени и глобалната модна сцена. Дизајнерите почнаа да размислуваат за нови насоки, нови техники, нови визионерски погледи... И иако модата се менува без разлика дали е пандемија, земјотрес, цунами, политички и општествени превирања, некои нешта остануваат вечни, како на пример малиот црн фустан.
Но, не само тој. И марамите не губат на значење во модниот свет. Тие се носат одамна, а и денес нивната улога не е намалена. Да, улога затоа што имаат пред се‘ некакво заштитно значење и секако, моден детаљ кој скоро секој изглед може да го разигра. Марамите оваа пролет повторно се актуелизираат. Ги носат многу познати ѕвезди. Посебно атрактивни се широките марами од нежен, фин материјал кои немаат премногу шари и дезенот им е суптилен.
Интересно е тоа што и нашите политичарки го имаат овој детаљ на себе периодов. А како ја искомбинирале марамата, можете да видите од приложеното:
Мила Царовска




Фото: Фејсбук