Моето дете се роди со засечен образ: Неверојатна приказна на мајка породена со итен царски рез
По породувањето, оваа мајка видела голем расекотина на образот на своето дете.
Кога мајката Реџана Вилијамс ја родила ќерката Кајани со итен царски рез, не очекувала дека тоа ќе остави траги на бебето.
Имено, образот на бебето бил пресечен заедно со стомакот на нејзината мајка.
„Се обидував да разберам што се случило, зошто моето дете има засек на образот и зошто мораше да дојде пластичен хирург и да го поправи тоа“, беше искрена триесет и едногодишна мајка.
„Никогаш не сум чула некој да се соочи со слична ситуација“, вели таа.
За време на породувањето, лекарите не биле во можност да ги откријат виталните знаци на бебето Кајани, па морале итно да ја однесат мајката на царски рез. Немало чукање на срцето, затоа овој начин на породување беше неопходен.
„Ми рекоа дека нејзиното лице е многу близу до ѕидот на матката, па поради тоа имаше засек“, објаснила мајката, чија ќерка сега е добро.
Иако е неверојатно ретко, некои истражувања покажаа дека тоа навистина може да се случи, особено кога станува збор за итен царски рез. Тогаш лекарите брзаат да го спасат животот на мајките и бебињата. Тие мораат да реагираат со неверојатна брзина.
Ги броев прстите на раката на син ми и не верував: Приказна на мајката која роди мал херој