Мојата комшика има 70 години и секогаш мириса убаво: Таа се бања со овој раствор и никогаш не мириса на пот
Ако имате проблеми со
силниот мирис на пот, пробајте ја оваа техника
Секој ден на скалите во зградата ја среќавам мојата сосетка која има 70 години. Без оглед на тоа што таа е штотуку вратена од пазар, со количка полна со намирници, на жешкиот летен ден - мириса фантастично.
Уредно пошишана, чиста и секогаш со пеглана облека на неа, кожата и ноктите секогаш и се чисти и негувани, но што е најважно - таа никогаш не мириса на пот.
Еднаш ја замолив за совет, а таа со мене го сподели ритуалот што го почитува цел живот.
Имено: Таа почитува едно правило цел живот. Еднаш неделно, се бања со раствор кој го подготвува од топла вода, 50 грама сода бикарбона, 50 грама сол и малку купка за бањање.
Растворот го става во када и лежи во кадата петнаесетина минути, така што телото има време да се ослободи од лошите бактерии.
За оние кои немаат време да лежат во бањата со овој раствор, можете да користите паста од сода бикарбона и вода, со која можете да се истриете по телото, а потоа да се измиете со сапун.
Сода бикарбоната го детоксицира телото и го ослободува од лошите мириси. Исто така, за да се избегне силниот мирис на пот, потребно е да се пие голема количина вода, и да се избегнува зачинета храна.
Фото: Shutterstock
Можеби ќе ве интересира:
Од сосема обичен ритуал за нега на кожа кој го правиме сите, до сериозни изгореници: Девојка советува да не го правиме ова пред сончање