Молитва која треба да ја изговорите денес на Иванден: Чува од зло, болести и магии

Добивај вести на Viber

Денес, православните верници го слават Ивандан, празникот на раѓањето на Свети Јован Претеча - Божјиот пророк кој дошол да го подготви патот за Господ Исус Христос. Неговата мисија била голема: да ги доведе луѓето до покајание и да ги крсти, подготвувајќи ги за доаѓањето на Синот Божји.

Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот Архангел Божји Гавриил му се јави на првосвештеникот Захарија во јерусалимскиот храм. 

Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната девица, Архангелот го објави чудесното зачнување на една бездетна старица. Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем сè до осмиот ден по раѓањето на Јован. Тој ден се собраа роднините на Захарија и Елисавета за обрезание на младенецот за да му биде дадено име. Па кога го прашаа таткото кое име би сакал да му го даде на синот, тој бидејќи нем напиша на табличка: „Јован“. Јазикот му се одврза во тој час и тој почна да говори. Домот Захариев беше на височината меѓу Витлеем и Хеврон. Гласот дека на Захарија му се јавил Ангел Божји, дека онемел, а потоа му се одврзал јазикот штом го напишал името Јован, се разнесе по сиот Израил. Овој глас дојде и до Ирод. Затоа Ирод, кога испрати да се заколат децата во Витлеем, прати луѓе и во ридското престојувалиште на Захариевото семејство, за да го убијат и Јован. Но, Елисавета благовремено го сокри детето. Разјарен од ова, царот Ирод испрати џелати кај Захарија во храмот (зашто се погоди тој повторно беше чреден за служење во ерусалимскиот храм) да го убијат. Захарија беше убиен меѓу притворот и храмот, а неговата крв се засири и се скамени на плочите и остана како неизбришливо сведоштво против Ирод. Елисавета со детето се скри во една пештера, во којашто набрзо таа умре. Младенецот Јован остана сам во пустината, препуштен на грижа на Бога и Неговите Ангели.

МОЛИТВА КОН СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Крстителу Христов, проповеднику на покајанието, немој да ме презреш мене, покајникот, но заедно со небесните војски, моли се на Господа за мене недостојниот, потиштениот, немоќниот и тажниот, западнат во многу неволји, измачен од бурните мисли на мојот ум, зашто сум пештера на лоши дела и нема крај на моите гревовни навики.

Мојот ум е прикован за земни работи. Што ќе правам – не знам. И кому да прибегнам за да биде спасена душата моја?

Само тебе, Свети Јоване, кој си истоименик на благодатта, зашто знам дека си по Богородица најголем меѓу родените од жена бидејќи си се удостоил да ја допреш главата на Царот Христос, Јагнето Божјо Кое ги зема гревовите на светот.

Моли Го Него за мојата грешна душа, да можам барем од сега – во единаесеттиот час, да го понесам благиот товар и да примам плата со последните.

О Крстителу Господов, чесен Претечо, последен пророку, прв маченику, наставнику на посниците и пустиножителите, учителу на чистотата и секогаш ближен на Христа пријателу, тебе те молам, кон тебе прибегнувам, не одбивај да ми помогнеш, туку подигни ме паднатиот поради многу гревови, обнови ми ја душата со покајание како со второ крштевање, зашто си зачнувач и на едното и на другото:

Преку крштевањето – перејќи го прародителскиот грев, а преку покајанието – очистувајќи секакво лошо дело;

очисти ме, осквернетиот од гревови и воведи ме таму каде што ништо нечисто не влегува – во Царството Небесно!

Амин!


Извор: денови

Фото: