Молитва за св. Архангел Михаил за финансиска благосостојба и богатство: Изговорете ги овие ЗБОРОВИ и кажете збогум на „финансиските грижи“

Во услови на економска неизвесност, зголемени трошоци за живот и потешкотии во обезбедувањето на секојдневните потреби, многумина Македонци повторно ја пронаоѓаат надежта во духовноста.
Молитвата за финансиски благослов, велат свештениците и верниците, не е барање за богатство, туку повик за стабилност, мудрост и мир во душата.
Една од најпознатите молтиви е молтивата која верниците му ја упатуваат на св. Архангел Михаил. Тој се смета за олицетворение на борбата против злото. Молтивите кои верниците му ги упатуваат се за универзална заштита од злото и лошите мисли, но една од најпознатите молитви е посветена токму за финансиската благосостојба.
Свети Архангеле Михаиле,
Ти, кој си заштитник на светлината и вистината,
кој ги водиш небесните војски и се бориш против темнината,
те повикувам со вера и понизност во срцето.
Чуј го мојот глас и дојди ми во помош во ова време на потреба.
Помогни ми да го најдам патот до финансиска стабилност,
до изобилие што доаѓа од Божјата милост,
и до можност да ги исполнам моите обврски со чисто срце.
Отстрани ги пречките, отвори ги патиштата и води ме кон добри прилики.
Научи ме мудро да управувам со средствата што ми се доверени,
и да бидам благодарен/благодарна за секој благослов.
Нека не го барам богатството од суета, туку како алатка за добрина,
за помош на другите и за мир во мојот дом.
Архангеле Михаиле, мој заштитнику,
биди со мене, зајакни ме и застапи се пред Бога за моите потреби.
Покрај ова молитва посветена на св. Архангел Михаил постојат уште некои покуси и општи молитви кои се наменети за сите верници кои сакаат да се помолат за финансиската благодат.
Амин.
„Господи Боже, Ти си изворот на секое добро. Те молам, благослови ја мојата работа и отвори врати за финансиска стабилност“, гласи дел од една од најчесто изговараните молитви деновиве во македонските домови.
Свештените лица потсетуваат дека молитвата не е магично решение, туку дел од внатрешен дијалог и духовна поддршка. Многумина ја изговараат и кусата молитва во моменти на тешка финансиска состојба: „Господи, ја знаеш мојата мака. Те молам, помогни ми.“
Молитвите ги користат и младите и постарите – некои за наоѓање нова работа, некои за платата да стигне до крајот на месецот, а некои за сила и храброст да почнат сопствен бизнис. Молитвата за работа гласи: „Господи, дарувај ми сила и мудрост да најдам работа... Нека мојата работа биде благослов и за мене и за другите.“
И додека државните институции бараат системски решенија, духовната надеж останува еден од најсилните сојузници на обичниот човек.