Момче вознемирува лавица во скопска зоолошка, ќе добие пријава: Најавено зголемено обезбедување (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Зголемување на обезбедувањето во скопската зоолошка, најавуваат надлежните по видеото кое ги обиколи социјалните медиуми .

Имено, видеото споделено на Тик Ток предизвика гнев и револт, откако на истото јавноста виде како момче вознемирува лавица во зоолошката,

Снимателот на видеото и лицето кое ја вознемирија лавицата, ги пробиле заштитните огради и влегле во делот кој е забранет за посетители, токму поради тоа ќе добијат пријава во полиција.