Момчето на Мадона го прослави 27-от роденден, кралицата на поп музиката му порача: Ајде да се онесвестиме

Добивај вести на Viber

Пејачката Мадона (62) ужива во љубовта со танчерот и кореограф Ахламалик Вилијамс, кој завчера, на 24 април, наполни 27 години.

Поп sвездата му го честиташе родениот ден на својот избраник на Инстаграм  а покрај фотографиите на кои тие се бакнуваат и  се крајно блиски, Мадона му испрати збунувачка порака.


- Среќен роденден љубов моја ... Ти благодарам што ми ги отвори очите. Како можам да објаснам како се чувствувам? Ајде да се онесветиме - напиша Мадона.

View this post on Instagram

A post shared by Madonna (@madonna)

Разликата од 37 години помеѓу Мадона и Вилијамс се чини дека не му пречи никому а тие се разделуваат само во ретки моменти. Синот на Мадона, Роко има 20 години, додека нејзината ќерка Лурдес има 24 години, а Вилијамс е само неколку години постар од нив.


Ахламалик е последниот во низата помлади мажи на Мадона со кои се забавува откако се разведе од режисерот Гај Ричи во 2008 година, кој беше 10 години помлад од неа.

- Таа дури не сака да гледа мажи кои не се барем половина помлади од неа. Нејзините пријатели сметаат дека треба да се фокусира на постари момци, ако воопшто сака посериозна врска. Одлично е што таа сè уште успева да заведе такви деца, но ако ја погледнете историјата на нејзините љубовни врски, јасно ви е дека тоа нема да трае - изјави претходно анонимен извор.


Извор: Телеграф.рс

Фото: Инстаграм/Официцијален профил Мадона