Музичкиот великан Тоше Поп Симонов ги направи најубавите песни на Тоше Проески

Добивај вести на Viber

На 63-годишна возраст почина познатиот македонски музички автор и продуцент Тоше Поп Симонов.

Продуцентот зад себе остави и успешна кариера на македонската и регионалната музичка сцена.

Тоше Поп Симонов соработуваше со бројни истакнати уметници меѓу кои Тоше Проески, Дарио, Верица Пандиловска, „Фрајле“, Алка Вуица, „Мизар“, Владо Јаневски, „Мемо, Рија“, „Силви бенд“ итн.

Погребот ќе се изврши во вторник на 22 април на Градските гробишта Бутел.