Здравје // Совети
МЗ со прецизни податоци дека поради делта сојот се повеќе невакцинирани млади завршуваат со смртен исход
- 25 Август, 2021 16:43
Се намалува старосната граница на заразени од коронавирус кои развиваат тешка клиничка слика на болеста, потенцираат од Министерството за здравство.
Меѓу последно евидентираните хоспитализиции и смртни случаи предизвикани од компликации на Ковид-19 во земјава има сè повеќе млади лица, кои се на удар и во најголем ризик во четвртиот бран на пандемијата предизвикан од делта мутацијата на вирусот.
„Ниската стапка на вакцинација во рамки на младите групи е она што, за жал, е причина сè поголем број на заразени да бидат токму младите, кои доколку не се имунизирани можат да развијат тешка форма на болеста, која пак може да доведе до хоспитализација, а некогаш и до смртен исход.