Животна училница // Приказни
На кој жанр ова припаѓа: На Евровизија „жешки“ кадри како од филмови за возрасни

Ерика Викман со песната „Ich komme“ го затвори натпреварувачкиот дел од втората полуфинална вечер на Евровизија во Базел. Додека публиката го чекаше прогласувањето на финалистите, во зелената соба се одвиваше вистинско шоу.
Имено, заводливата Ерика, претставничка на Финска, покажа како ужива во швајцарскиот специјалитет и од него направи перформанс кој многумина би го окарактеризирале како сцени од филмови за возрасни.
Имено, Ерика го потопувала лебот во стопеното сирење, а потоа заводливо го лижела приборот за јадење додека стопеното сирење течело околу нејзината уста. За тоа време таа ги држеше широко раздвоени нозете и правеше заводливи изрази на лицето додека камерата зумираше сè што прави.
Сценаристот навистина се истакнува и навистина не знам на кој ТВ жанр му припаѓа ова - рече Душка за време на преносот на РТС за време на овие сцени.
По тензичното прогласување на финалистите на Евровизија, ниту една земја од поранешна Југославија не се пласира во финалето.
Финалистите на Евровизија од второто полуфинале 2025 се:
- Литванија
- Израел
- Ерменија
- Данска
- Австрија
- Луксембург
- Финска
- Латвија
- Малта
- Грција