Животна училница // Приказни
На водителката Александра ѝ го украдоа електричниот тротинет: Објави видео од моментот на кражбата во надеж дека ќе се најде крадецот
- 11 Јули, 2021 12:40
Водителка Александра Илиевска, на гледачите позната како домаќинка на шоуто „Брза кујна“, сподели видео на Инстаграм на кое се гледа како непознат човек ѝ го краде електричниот тротинет.
„Најдраг еко-пријател што денес дрско ни го украдоа, Скопје е мој град... Го сакам Скопје БЕЗБЕДНО!“ - порача водителката во описот на видеото каде упати апел да се споделува во надеж дека ќе се најде крадецот, но и ќе си го врати тротинетот.
Видеото е објавено и на ФБ страната „Украдени точаци“, каде за жал секојдневно се споделуваат по неколку постови за украдени работи, а најмногу велосипеди.