Најпосакуваните ергени во македонската политика: Млади, амбициозни и слободни

Во политичката арена на Македонија, покрај дебатите и одлуките, сè повеќе внимание привлекуваат и некои од најмладите, но веќе влијателни политичари кои – покрај амбицијата и јавниот ангажман – важат и за најпосакувани ергени во јавноста.
Еве кои тројца ја предводат оваа неофицијална листа:
Стефан Андоновски – актуелен министер за дигитална трансформација, со импресивна академска биографија зад себе: магистер од Johns Hopkins и докторанд на Правниот факултет во Скопје.
Со познавање на пет јазици и искуство во приватниот сектор и меѓународни проекти, Андоновски ја претставува новата генерација технократски ориентирани лидери – сериозен, фокусиран и сѐ уште неженет.
Амар Мециновиќ важи за еден од најпосакуваните ергени во Македонија, но и како еден од најенергичните и најамбициозни млади политичари.
Со својот модерен настап, шарм и комуникациски вештини, лесно го освојува вниманието и кај младите и кај повозрасните.
Познат е по тоа што секогаш е на терен, близок до народот, со свежи идеи и јасна визија за иднината.
Костадин Костадинов – градоначалник на Струмица и поранешен пратеник од СДСМ, кој со својата непосредност и отворена комуникација со граѓаните стекна широк круг на поддржувачи.
Тој е економист по образование, а неговиот јавен имиџ е микс од локален пристап и политичка амбиција. Иако најмлад од тројцата, Костадинов веќе е лидер со искуство – и статус на слободен маж, барем уште кратко со однос на тоа дека неодамна се вери.
Со комбинација од интелигенција, кариера и харизма – овие тројца се не само иднина на политиката, туку и најбараните ергени во македонската јавност.
РЖМ