Најсексипилниот актер на планетата ужива во љубовта со 12 години постарата колешка: Знаев дека ќе биде моја!

Добивај вести на Viber

Ѕвездата на филмот „Акваман“ и серијата „Игра на тронови“, Џејсон Момоа, е во петтата деценија од животот, а бидејќи ја доби титулата најсекси маж на светот, многу жени изјавуваат дека токму тој е изглед за совршениот.

Сепак, тој е оженет со поранешната сопруга на Лени Кравиќ, Лиза Бонет, а во едно интервју дури откри дека бил заљубен во неа како момче. Иако се во брак од 2017 година, тие се во врска 14 години. Интересно е што Лиса е 12 години постара од Џејсон. Во едно интервју, Момоа (41) откри дека се заљубил во Лиса (53) на осумгодишна возраст кога ја гледал во серијата „Козби шоу“ и дека знаел дека еден ден ќе ја придобие. 

„Дури и како осумгодишно дете, знаев дека ќе биде моја. Таа беше кралица. Отсекогаш сакав да ја запознавам. Решив да ја шпионирам цел живот и да ја освојувам. Секако дека не и го кажав ова веднаш“, рече Момоа, пренесува „Еонлајн“.

Тој истакна дека и признал само кога имале деца. Двојката има две деца, ќерката Лола и синот Нако.

View this post on Instagram

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies)


Лиса Бонет од бракот со легендарниот пејач Лени Кравиц ја има ќерката Зои Кравиц, која е позната актерка. Момоа е познат и како активист за животна средина. Роден е на Хаваи, но пораснал во Ајова.


Фото: Profimedia/Инстаграм/prideofgypsies

Можеби ќе ве интересира:

Наследничката на империјата „Сваровски“ од 16 години е со еден човек: Се омажи за него во венчаница со 500.000 кристали