Наполнив 35 години и сè уште не ми треба ботокс, можеби следната година: Елена Ристеска го прослави роденденот во друштво на другарките

Добивај вести на Viber

Елена Ристеска вчера го прослави 35-тиот роденден.

И годинава роденденот го прослави во кругот на најблиските поради пандемијата, но не се жали напротив драго ѝ е што има мал, но доволен за неа круг на вистински пријатели.

Таа на Инстаграм објави фотографии од прославата и упати значајни зборови до нејзините најсакани.

„Наполнив 35 години и сè уште не ми треба ботокс, можеби следната година: Елена Ристеска го прослави роденденот во друштво на другарките 
Пријателството е како цвет, колку повеќе го полевате толку повеќе расте. И како што стареете, кругот на пријатели станува сè помал. Но, доволен е за мене.
Моите најдобри другарки на овие фотографии го направија мојот роденден хармоничен ден на суши, јадејќи посна торта поради што постам за Велигден и ми подарија НАЈУБАВ ПОДАРОК, грамофон на кој конечно ќе можам да слушам грамофонски плочи и конечно да ја слушам мојата плоча „Доста“ на него.
Не се сите мои пријатели присутни на овие фотографии, но јас секако ги сакам. Не беше возможно да се направи поголема забава, заради ситуацијата со Ковид.
Ви благодарам на СИТЕ за вашите роденденски желби и иако се обидов не можев да одговорам на стотиците пораки што ги добив денес. Секој единствен збор што сте потрошиле време да ми го напишете, ми значи колку светот. Денес имам 35 години и сè уште не ми треба ботокс, можеби следната година“, напиша Елена.


Во искрено интервју за Женски магазин, Елена вчера роденденски откри многу досега непознати работи за неа, како која е нејзината најголема животна грешка, за што се кае, за додворување и партнери во време на ковид.

Многу од познатите личности ѝ честитаа роденден, а посебна честитка доби и од Каролина Гочева: