Направете ја ОВА работа прво наутро и ве очекува СРЕЌЕН ДЕН

Добивај вести на Viber

Среќата е лична, динамична и често зависна од околности, вредности и погледи на животот. Целта на секој човек е да има среќен живот. Но дали навистина знаеме што значи среќата или тоа е само „магичен“ збор кој нема никакво значење?

Постојат универзални вистини кои се врзуваат со среќата без разлика колку и да е таа релативна. На среќата се работи секој ден. Првото нешто што секој од нас го помислува кога ќе стане наутро е „Дали денот ќе му биде добар или лош“? 

Неколку техники кои ви помагаат да ја повиката среќата или едноставно да се чувствувате среќно во сопствената кожа. Затоа што колку што е среќата објективна и зависи од надворшени фактори, толку е и субјективна и зависи од самиот човек. 

Внатрешен мир (емоционална стабилност)

Среќата не значи постојана радост, туку чувство на внатрешна рамнотежа – прифаќање на себе, способност да се справиш со тешкотиите и благодарност за тоа што го имаш.

Односи со луѓето

Долгорочни студии (како Харвардската студија за среќа) покажуваат дека добрите односи – со семејството, пријателите и партнерите – се најсилен предиктор за среќа и долговечност.

 Цел и смисла

Луѓето кои имаат нешто за кое живеат – било тоа да е семејство, работа, уметност, вера или заедница – чувствуваат повеќе исполнетост, дури и во тешки моменти.

Благодарност и духовност

Луѓето кои практикуваат благодарност, молитва или духовни практики често имаат поголема отпорност на стрес и пооптимистички поглед.

Здравје и тело

Физичкото здравје, движење, сон и исхрана директно влијаат на хормоните и расположението. Здравото тело често носи и поздрав ум.

Помалку споредување, повеќе прифаќање

Среќата се намалува кога се споредуваме со другите, особено преку социјални мрежи. Прифаќањето на својата патека носи мир.

Давање и добрина

Интересно, луѓето кои помагаат на другите, доживуваат поголема среќа од оние кои само примаат. Емпатијата и поврзаноста не можат да се купат.

Затоа првата работа што ќе ја направите наутро е да се прашате себе си: „Дали доволно работам на сопствената среќа?“. Запомнете дека среќата не е состојба, таа е процес кој секојдневно се создава.