Наша тема: Процветуваат ли жените после разводот?

Добивај вести на Viber

Животен пораз или шанса за нов почеток? Како жените го разбираат разводот зависи од личните перцепции и очекувања. Разводот станува реалност за сѐ поголем број жени. Секој седми брак во Македонија завршува со развод, а стапката на разводи е во постојана нагорна тенденција веќе три децении. 

Што по разводот? Колку време е потребно жените да се навикнат на новите животни промени, новото домаќинство или новото семејно опкружување? Но и колку време е потребно да се рехабилитира жената после разводот?

Најголемата грижа која ја имаат жените впрочем е како разводот ќе се одрази на нивните деца, доколку во бракот има деца. 

Според Теодора Томовска - Ристовска, специјален едукатор и психолог во едукација психолошката поддршка и помош е важна за децата кој минуваат низ процес на развод на родителите бидејќи најчесто преку децата родителите знаат да манипулираат и да го привлекуваат вниманието на детето, а со тоа да се јави несигурност, анксиозност и депресија кај децата. Разводот од перспектива на дете е една од најстресните и емоционално тешки ситуации во детството

Теодора Томовска - Ристовска, специјален едукатор и психолог во едукација

Сепак и покрај тоа што жените, најголемата грижа ја посветуваат токму на децата, се препорачува и психосоцијална помош и поддршка на самите жени без разлика дали на разводот гледаат како на лично фијаско или како на шанса за нов почеток. Психолошката помош и поддршка е прилагодена на причините за разводот или освестување на траумата која евентуално настапила со разводот на брак. 

-Потребно психолошко советување и посета на психотерапевт сепак е тоа процес во зависност и од причината на разводот што може да биде нарцисоиден партнер, семејно насилство, трауми или пак не прифаќање на дете кое е со попреченост и доаѓа до дисбаланс во самата брачна врска има многу причини, со самото советување започнува процесирање на траумите од манипулација и емоционално насилство како пример го ставам ова, помага и во справување со исцрпеноста и вината како самохран родител, градење на самодоверба и уште многу има се зависи која е причината за разводот според причината има соодветна насока на советување и работа на себе, вели психологот Амела Мемиш - Апостоловска.


Амела Мемиш - Апостоловска, психолог

Постојат комбинирани техники на психотерапија кои се применуваат во случај на развод. Тие вклучуваат поединечна психотерапија или системска - семејна психотерапија. 

-Разводот е исклучително стресен настан и многу често се препорачува терапија за развод со само еден од партнерите. Целта на терапијата е поединецот да ја прифати новата реалност и полесно да се адаптира на промените, а во поединечни случаи се користи и системска семејна терапија и шематска психотерапија, вели Данче Пауновска, гешталд психолог и психолог кој работи со деца.

 Според неа психотерапијата е клучна за справување со новите промени. 

Данче Пауновска, гешталт психолог и психотерапевт кој работи со деца 

Без разлика дали станува збор за позитивен однос кон разводот, или настаната траума поради истиот, жените треба да се подготват за новото животно поглавје. 

Сепак разводот сам по себе носи многу притисоци, во ставовите за разводот се уште се присутни општествените стереотипи. На разведените жени се гледа со одредена скепса, па затоа жените дополнително треба да се подготват за соочување со новонастанатите општествени притисоци. 

Како и да е, кога веќе е донесена одлуката на бракот да се стави точка, таа одлука треба да се прифати и жените храбро и пред се автономно да стојат зад своите одлуки. Животот е еден и секоја одлука има своја историја! Разводот не се случува преку ноќ, а новите почетоци секогаш може да донесат многу радост! 

МСК