Не драми! Фраза на која жените збесуваат, еве и зошто

Добивај вести на Viber

Машката и женската перцепција за работите кои нѐ опкружуваат се разликува во неколку аспекти. Родовите стереотипи развиле општоприфатени убедувања за мажите и жените кои знаат да бидат навредливи за припадничките на понежниот пол. Иако има индивидуални позиции кои прават големи разлики во перцепцијата, ставовите и вредностите, сепак може да се издвојат пет општи места и фрази кои жените никако не сакаат да ги слушнат.

1. Дали си сигурна во својот избор?

Прашањата кои поттикнуваат сомнеж или колебање за жените знаат да бидат навредливи. Низ хуморот, забавните содржини и фолклорните убедувања жените често се прикажуваат како несигурни или колебливи. Прашања кои ќе поттикнат преиспитување на изборот за жените може да значи дека спроти себе имаат личност која смета дека таа е несигурна. Во суштина жените се задлабочуваат во толкување на туѓите намери и ова прашање може да им звучи како провокација. Наместо „Дали си сигурна во својот избор?“ можете да покажете иницијална поддршка на идејата и преку разговор да се осигурате дека одлуката е рационална, размислена и темелно донесена. Ова правило на комуникација можете да го примените со колега, блиска личност од вашето опкружување или едноставно жена со која стапувате прв пат во комуникација.

2. Колку време ти требаше да го направиш ова?

Иако прашањето може да е оправдано и да се однесува на работи кои ја потврдуваат ефикасноста на некоја активност, жените се справуваат со предрасудата дека залудно трошат време на детаљи кои не ја менуваат суштински глобалната слика. Секој од нас некогаш во животот ја слушнал фразата дека жените предолго време трошат на дотерување и нега или дека имаат проблем со организација на време. Сигурно сте ја слушнале изреката дека жените често доцнат. Вака формулирано прашање може да ги подгрее „раните“ за заблудното верување дека сите жени неефикасно го трошат своето време.

3. Колку чини тоа што го купи?

Како и времето, така и финансиите имаат асптрактна црта околу која е потребно многу планирање, рационализирање и аналитика.  Општото верување е дека десната хемисфера повеќе е развиена кај мажите и дека тие се подобри во планирањето и пресметките. Жените се справуваат со стереотипот дека залудно трошат пари на работи кои не се неопходни. Ова прашање може да биде навредливо доколку ја искористите во директна форма. Намето „Колку чини тоа што го купи“ можете да се обидете со посредни начини на добивање на информацијата. Или едноставно преку свое лично искуство да се потрудите да укажете дека сепак за финансиите понекогаш е потребна стратегија и долгопланиран пристап.

4. Кога планираш да го направиш тоа?

Прашањата кои се однесуваат на планирање на иднината може да звучат контролирачки. Затоа внимателно поставувајте ги прашањата околку планирањето. Жените се добри планери, но историски имале проблем со автономно носење на одлуки. Сѐ што ќе заличи на контрола може да биде навредлива и да создаде отпор и дистанца во комуникацијата. Наместо „Кога планираш да го направиш тоа?“ обидете се да водите дијалог за иднината кој вклучува заеднички планови, така ќе ја стекнете нивната доверба и ќе бидат поотворени за комкуникација и споделување.

5. Не драми!

Една од најомразените фрази помеѓу жените е фразата „не драми“. Жените се свесни дека околината ги перцепира како пречувствителни па затоа епитетот „кралица на драмата“ знае длабоко да ги повреди жените. Доколку сакате да укажете на тоа дека реакцијата е пренагласена или непотребна доволно е да објасните дека постојат ситуации во кои самоконтролата е најважна. Можете да споделите некое искуство со справување со тензични моменти и техники за опуштање кои ви помагаат да изреагирате пригодно за ситуацијата. Така ќе ја постигнете целта, а жените знаат да ја ценат вашата внимателност и умешност во укажување на некои недостатоци.

Правилата кои ги наведовме не се универзални и не можат да се искористат во секоја ситуација, но вреди да ги знаете. Личната проценка за рименливоста на овие „златни“ правила во комуникацијата со жени, може значително да ви ја подобри соработката и односот.

Фото: Freepik.com